Структура на ПроКредит Банка

  Почетен капитaл 
во EUR
Број на акции Процент на капитал
ПроКредит Холдинг 8.750.000 1.750.000 87,50 %
ЕБРД 1.250.000 250.000 12,50 %
Вкупно 10.000.000 2.000.000 100,00 %


Заклучно со 31 декември 2010 г.

Род и број на акции 2.000.000 обични акции
Номинална вредност по 1 единица 5 ЕУР

ПроКредит Холдинг

ПроКредит Холдинг е компанија мајка на глобална група од 21 ПроКредит bанки. ПроКредит Холдинг е основана како Internationale Micro Investitionen AG (IMI) во 1998 година од страна на пионерската консултантска компанијата за финансиски развој, IPC.

ПроКредит Холдинг е посветена на проширување на достапноста на финансиските услуги во земјите во развој и економиите во транзиција, преку основање на група на банки кои се лидери во обезбедувањето на фер и транспарентни финансиски услуги за многу малите, малите и средни претпријатија како и за населението во земјите каде што тие работат. Освен што ги задоволува потребите за капитал на своите банки, ПроКредит Холдинг го води развојот на ПроКредит банките, го обезбедува менаџментот од повисок ранг и ги поддржува банките во сите клучни активности, вклучувајќи го банкарското работење, човечките ресурси и управувањето со ризици. Води сметка да се имплементираат корпоративните вредности, најдобрите практики во банкарското работење и Basle II принципите за управување со ризици на ниво на сите банки, во линија и со стандардите поставени од германските супервизорски тела.

IPC е водечки акционер и стратешки инвеститор во ПроКредит Холдинг. IPC е движечката претприемничка сила зад ПроКредит Групата од самото основање на банките.

ПроКредит Холдинг е јавно-приватно партнерство. Освен IPC и  IPC Инвест (инвестицискиот инструмент зад персоналот на IPC и ПроКредит) останатите приватни акционери на ПроКредит Холдинг се Холандската DOEN Foundation, Американскиот пензиски фонд TIAA-CREF, Американскиот фонд за микрофинансирање Omidyar-Tufts и Швајцарскиот инвестициски фонд responsАbility. Јавни акционери на ПроКредит Холдинг се KfW (Германска банка за унапредување), IFC (огранок од Светска Банка во приватниот сектор), FMO (Холандска банка за развој), BIO (Белгиска инвестицика компанија за земјите во развој) и Proparco ( Француска инвестициска и промотивна компанија за економска соработка). 

ПроКредит Холдинг има инвестициски рејтинг (BBB-) од Агенцијата за рејтинг Fitch. На крајот на 2010 година, капиталот на ПроКредит групата изнесуваше ЕУР 428 милиони. Вкупните средства на ПроКредит групата изнесуваат ЕУР 5.2 милијарди.

http://www.procredit-holding.com

Европска банка за обнова и развој (EBRD/Лондон)

Европска Банка за обнова и развој – EБОР (European Bank for Reconstruction and Development) е основана во 1991 година. Банката има за цел да ја олесни трансформацијата кон отворени пазарно ориентирани стопанства, како и да ги унапреди приватните и претприемачките иницијативи во земјите од Централна Европа до Централна Азија посветени на демократија, плурализам и пазарна економија. ЕБОР настојува да им помогне на земјите во кои работи да спроведат структурни и секторски стопански реформи, кои ќе ги унапредат конкуренцијата, приватизацијата и претприемништвото. Во исполнувањето на улогата на катализатор на промени, Банката поттикнува кофинансирање и странски директни инвестиции во приватниот и јавниот сектор, помага во мобилизирање на домашен капитал и овозможува техничка соработка во релевантните области.

http://www.ebrd.com