Како да отворам трансакциска сметка на правно лице?
Лицето кое е овластено да го застапува претпријатието потребно е да ја посети било која експозитура на ПроКредит Банка заедно со документите наведени подолу (види локации на експозитури)
Потребни документи за отворање на трансакциска сметка на правно лице:
Документи што ги обезбедува клиентот:
- Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 6 месеци, издадени од Централен регистар;
- ЗП Образец, заверен на нотар;
- Документ за идентификација на законскиот застапник (лична карта или пасош);
- Печат
Документи што ги обезбедува ПроКредит Банка:
-
Пријава на овластени лица за располагање со средствата на сметките, со потпис и печат со кои ќе се заверуваат инструментите на платен промет (картон на депонирани потписи). На картонот на депонирани потписи треба да се наведе начинот на потпишување на налозите, т.е.поединечно или колективно.
Дополнително за отворање девизна сметка на правно лице потребно е:
- Потврда од Царинска Управа дека правното лице е царински обврзник (фотокопија)
Потребни документи за отворање на нерезидентна сметка:
- Документ за регистрацијата од домицилната држава преведен на овластен преведувач и не постар од 6 месеци;
- Овластување за застапништво, издадено од странската фирма, преведено од овластен преведувач и не постаро од 6 месеци;
- Документ за идентификација - пасош од законскиот претставник или овластено лице со приложено оригинално полномошно, преведено од судски преведувач и заверено на нотар;
- Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 6 месеци, издадени од Централен Регистар