Тековни сметки
Искористете ги единствените предности што ги нуди тековната сметка од ПроКредит Банка.
Заштедете го Вашето скапоцено време и обезбедете си достапност на Вашите средства на тековната сметка, независно од работното време на ПроКредит Банка. Со отворањето на тековна сметка во ПроКредит Банка добивате можност за брзо и едноставно управување со Вашите средства.
Тековна сметка може да има секое домашно физичко лице (студент, вработено лице или пензионер) како и физичко лице кое не е државјанин на Република Македонија, независно од тоа дали има, или нема редовен прилив на сметката.
За располагање со средствата на Вашата тековна сметка може да овластите и лица од Вашето семејство или пријатели.
Сопствениците на тековната сметка и нивните овластени лица може да ги користат следните поволности:
- можности за безготовинско плаќање;
- плаќање на сметки и комуналии;
- дозволено пречекорување по сметка;
- аплицирање за интернационална дебитна Маестро или Виза Електрон картичка;
Со отварањето на тековна сметка во ПроКредит Банка на располагање Ви стојат и сите останати услуги кои ги нуди ПроКредит Банка.
Побарајте го Вашиот советник во некоја од филијалите на ПроКредит Банка и едноставно со приложување на документ за идентификација отворите ја Вашата тековна сметка.