|
19 јуни 2009г., Поградец, Албанија
Регионална деловна средба помеѓу претприемачите од Албанија и Македонија.
ПроКредит банка на 19 јуни 2009г. организираше Регионална деловна средба помеѓу бизнисмените од Албанија и Македонија. Средбата се одржа во Поградец, Албанија а ги спои бизнисмените од двете соседни земји од областа на градежништвото, производството и трговијата. Мисијата на ПроКредит Банка е поддршка на многу малите малите и средни претпријатија, но таа поддршка не подразбира само овозможување на финансиски услуги, туку и организирање на деловни средби, саеми и форуми. Оваа регионална деловна средба е во линија со нашата определба за поддршка на бизнисите, во рамки на која спојуваме бизниси од две соседни земји. На средбата присуствуваа околу 60 претприемачи кои ја искористија оваа можност за размена на искуства, воспоставување на нови деловни контакти и секако за осознавање на новитетите од областите во кои дејствуваат. Услови за успешно реализирање на ваквата средба се должат на фактот што ПроКредит Банка е дел од најголемата мрежа на развојно ориентирани банки. Во овој случај, соработката со нашата сестринска банка и колеги од Албанија, допринесе за реализација на оваа идеја. Веруваме дека со ваквата средба допринесуваме за збогатување на регионалната трговската размена помеѓу двете соседни земји што го помага растот и зајакнувањето на двете економии.
|