Со VISA Вашиот бизнис расте
Со повеќе од 1,7 милијарди корисници на картички ширум светот, и со повеќе од 1,3 милиони картички во Македонија, сe повеќе учесниците во малопродажбата заклучуваат дека плаќањата со картички ги заменува другите начини на плаќање.
Со прифаќањето на VISA картичките Вие имате можност да профитирате од растечкиот тренд на користење, имате пристап до огромната база на клиенти и потенцијални купувачи кои трошат многу повеќе отколку оние кои користат готовина.
Сe што треба да направите е да ја следите едноставната процедура за определување на валидноста на картичката, имателот на картичката и трансакцијата. Готовина не се користи. Средствата ги добивате на Вашата сметка наредниот работен ден, штом податоците од трансакцијата се примени.
Прифаќање на картички – Што Вие добивате?
Предностите во кои ќе уживате при прифаќењето на картичките како средство за плаќање се следниве:
- Им давате на Вашите клиенти поширок избор за начинот на плаќање
- Им дозволувате на Вашите клиенти да трошат почесто и во поголеми износи
- Допринесува да не ги пропуштите клиентите кои не носат готовина со себе (или немаат доволно готовина)
- Поголема сигурност – затоа што ја намалува потребата од управување и процесирање на готовина
- Ви заштедува време и работа со хартија – затоа што податоците за трансакцијата се префрлаат по електронски пат директно до банката
- Се вклучувате во бизнис мрежата на над 29 милиони локации кои веќе прифаќаат VISA картички
Што ПроКредит Банка може да Ви понуди?
ПроКредит Банка е посветена да им помогне на своите клиенти да го зголемат бизнисот преку прифаќање на платежни картички. Ние можеме да ја реализираме оваа цел поради тоа што:
- Прифаќањето е брзо, едноставно и безбедно
- Посветени сме да Ви овозможиме оптимална услуга
- За сите продажни места овозможуваме тренинг и упатство за користење
- Најсовремени технологии за прифаќање на картички
- Нашите експозитури и тимот задолжен за сервисирање на ПОС терминалите се спремни да одговорат на сите Ваши потреби
- Изготвување на јасни и прецизни изводи за трансакциите прифатени на ПОС терминалот
Трошоци поврзани со прифаќањето на картички
- Трошоци за аплицирање – Бесплатно
- Трошоци за инсталирање на ПОС терминалот - Бесплатно
- Трошоци за користење на ПОС терминалот – Бесплатно
- Трошоци за провизија од износот на трансакцијата – во зависност од износот на продажба
Следно што треба да направите
- Потполнете ја формата за апликација и доставете ја до најблиската експозитура
- За дополнителни прашања контактирајте не на тел 02 / 2446 000