Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Менувачка курсна листа

17.05.2012
  • EUR 61,35 61,6236 61,75
  • USD 47,40 48,3778 49,30
  • CHF 49,50 51,3060 53,00
  • GBP 75,90 77,1018 78,40
  • AUD 47,05 48,0946 49,05

Што е CVV2

Card Verification Value 2 (Код за верификација на картичка Вредност 2) е безбедносна карактеристика при извршување трансакции за кредитни и дебитни картички, кои се користат за проверување дали се користи валидна картичка при трансакцијата.

Оваа можност обезбедува поголема заштита од измами. Најчесто се бара за трансакции кои се појавуваат преку интернет, по е-пошта, факс или преку телефон.

Локација на CVV2

Кодот CVV2 е троцифрена вредност, тоа се последните три цифри кои се испечатени на делот за потпис, на задната страна од Вашата картичка.

Безбедносни придобивки од CVV2

Кодот Card Verification Value 2 (CVV2) им обезбедува на купувачите дополнителна безбедност при трансакција со картички. Кодот CVV2 бара физички пристап до картичката, и со тоа го намалува ризикот од измама на интернет.

Најдов број на задната страна од мојата картичка, но има повеќе од 3 цифри?

Нам ни се потребни само последните 3 цифри од овој број (останатите се само повторување на бројот од Вашата картичка)

Што е функцијата на кодот?

Вредноста CVV2 го штити купувачот и помага да се потврди следното:

  • Купувачот со себе ја носи картичката;
  • Сметката на картичката е легитимна и
  • Ја оневозможува употребата на Вашата картичка без поклопување со кодот CVV2

За кои картички е достапна опцијата CVV2?

За картичките издадени од ПроКредит Банка- кредитни картички од брендот Visa Card International и MasterCard International, дебитната Visa Electron и Visa Electron Bussines од брендот Visa Card International.