Бонус штеден план
НОВО! БОНУС ШТЕДЕН ПЛАН
Опис на услугата:
Штедниот план служи за заштеда на парични средства на определен период заради реализација на плановите на штедачите (купување на одредени производи, летување, реновирање и сл.).Со Бонус штедниот план однапред се дефинира износот кој редовно месечно се уплатува на штедниот план, согласно потребите и можностите на штедачот.
Покрај тоа штедачот не мора секој месец да оди до експозитурата за да врши уплата, туку едноставно активира траен налог со кој секој месец се префрла договорената сума од трансакциска сметка на Бонус штедната книшка отворена во ПроКредит Банка. Со тоа го заштедувате Вашето ценето време и пари.

Карактеристики:
- Наменет е за сите физички лица
- Штедачот нема никакви трошоци за отвoрање на Бонус штедниот план.
- Средствата на штедниот план автоматски се пренесуваат од трансакциска на штедна сметка со користење на траен налог
- За Бонус штедниот план важат редовните каматни стапки на штедните сметки во денари и евра од ПроКредит Банка.
- Дополнително на ова штедачот добива и бонус
Преземи Ценовник на ПроКредит Банка
* Клиентот добива бонус на крај од договорениот период само доколку:
- има редовни уплати на штедниот план (редовно се извршуваат трајните налози)
- нема исплати од штедниот план во текот на договорениот период
Фондот ги обештетува осигурените депозити но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на решението.
Во износот се пресметува главнината на депозитот, договорената пресметана и пропишана камата и непристигнатата камата до денот на решението. Обештетувањето на денарските и девизните депозити се врши исклучиво во денари.
