апликации за регистрирање на клиенти (правни лица)

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека почнувајќи од 01.01.2010, Банката воведе унифицирани Апликации за регистрирање на клиенти физички / правни лица. Апликациите се во согласност со барањата на домашната и меѓународната регулатива во делот на идентификување и верификување на клиенти, и истите се применуваат од страна на сите банки и штедилници во Република Македонија.

Со новите апликации потребно е покрај досегашните податоци клиентите (постојни и нови) да достават и дополнителни податоци со цел нивна соодветна идентификација. Дополнителните податоци се од типот на: податоци за утврдување на висина на месечни примања и политичка изложеност на клиентите за физички лица, очекуван годишен промет и дестинација на деловни односи за правни лица и други дополнителни податоци со цел адекватна идентификација на клиентите.

Секој нов клиент на банката, потребно е задолжително во текот на воспоставување на деловен однос да поднесе Апликација за регистрирање на клиент. Сите постоечки клиенти, потребно е во најкраток временски рок да ја посетат најблиската експозитура на ПроКредит Банка со цел ажурирање на своите податоци согласно Апликацијата за регистрирање на клиент.

Апликациите за регистрирање на клиенти можете да ги најдете овде:

Апликација/Барање за регистрирање на клиент - правно лице

- Кредитна линија за развој на МСТД: Фиксна каматна стапка - 8% годишно;

- Кредити за извоз: 
Фиксна каматна стапка - 6% годишно.

Кредитни линии МБПР:
- Кредитирање на мали и средни претпријатија ЕИБ: Фиксна каматна стапка - 5,5% годишно;

- КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗКДФ: Фиксна каматна стапка - 4% годишно;