МОЖНОСТИ ЗА градење на кариера
ПроКредит Банка сака да привлече млади луѓе со универзитетска диплома од областа на економијата. Нивната амбицијата за професионален развој во полето на банкарството, се цени најмногу. Искуство во банкарството не е пресудно.
ПроКредит Банка нуди работа во позитивна атмосферa, можност за личен напредок и напредок во кариерата, преку запознавање на работата на еден современ банкарски систем.
Покрај тоа, ПроКредит Банка значително инвестира во своите вработени, нудејќи разновидни можности за лично надградување и напредување и тоа овозможувајќи бројни интерни и екстерни семинари, реализирани преку:
Секторот за обука на ПроКредит Банка – Нашите вработени се наш најголем капитал. Оттука, во обуката на вработените се инвестираат значајни ресурси. Со цел да го зголемиме капацитетот на ова поле, формиравме локален центар за обука како дел од Секторот за обука, кој ни овозможува спроведување на бројни паралелни обуки истовремено. Ова ни овозможи поголем број семинари на специјализирани теми од областа на банкарството и обуки структуирани да ги унапредат менаџерските и комуникациските вештини.
Регионалната Академија за Источна Европа (лоцирана во Велес) – наменета за вработените од ПроКредит Банките од Источна Европа 
Јазичен центар сместен во рамки на Регионалната Академија во Велес
Академијата во Франкфурт, Германија - наменета за вработените од ПроКредит банките од целиот свет 
Размена на искуства преку посета на сестринските банки од мрежата на ПроКредит.
 

|