Реформата во пензискиот систем во Република Македонија се воведе со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери на долг рок. Ваков тип на реформа беше неопходен во пензиското осигурување од причина што постоечкиот систем во државата, организиран според принципот на “генерациска солидарност” наиде на сериозни проблеми во своето функционирање предизвикани од огромни промени во стопанството на кои не остана имун ниту пензискиот систем и се наметна прашање дали ќе може да опстои на начин на кој досега опстојуваше. Новината беше тоа што се основаа две друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови кои управуваат со по еден задолжителен и еден доброволен капитално финансиран пензиски фонд.
Сите лица кои ќе се зачленат во еден од задолжителните капитално финансирани пензиски фондови својата пензија ќе ја обезбедуваат едновремено од Фондот на ПИОМ и избраниот задолжителен приватен пензиски фонд.
Лицата пак кои ќе се зачленат во еден од доброволните приватни фондови ќе обезбедат повеќе средства за пензија користејќи ги придобивките од дополнително штедење - даночните олеснувања.
Ова го претставува тростолбниот пензиски систем.
ПроКредит Банка како клиентски ориентирана Банка со широк асортиман на банкарски производи Ви нуди можност за склучување договори за пензиско осигурување за членство во приватните пензиски фондови со кои управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје .
Ве очекуваме во филијалата Аеродром на ПроКредит Банка каде можете да склучите договор за членство во задолжителниот/доброволниот пензиски фонд и да ги добиете сите потребни информации во врска со членство и придобивките од членството во пензиските фондови со кои управува Друштвото.
Пензиско друштво
ON Line Договор за пензиско осигурување (2 пензиски столб) *